Odinn Thor RIKHARDSSON, Montenegro vs Iceland, Men's EHF EURO 2024 Germany, Munich, Germany, 14.01.2024, Mandatory Credit © Anze Malovrh / kolektiff

🎥Гол за ТВ шпици: Французите немо ја гледаа атракцијата на „рибарите“

Репрезентацијата на Исланд во натпревар од второто коло од главната фаза на Европското првенство 2024 беше поразена од Франција со 39:32.

Иако Исланд доживеа пораз, сепак, натпреварот го одбележа голот на Один Тор Рикардсон, кој постигна шест погодоци од исто толку обиди.

Десното крило за време на првото полувреме можеби го постигна најубавиот гол на континенталниот собир, откако со шут од зад грб го совлада Беласен.

 

 

Франција теоретски е во полуфинале на ЕП, го реши и Исланд!