Klemen FERLIN, Poland vs Slovenia, Men's EHF EURO 2024 Germany, Berlin, Germany, 13.01.2024, Mandatory Credit © Uros Hocevar / kolektiff

🎥Ферлин ја има најдобрата одбрана, а Билик најубавиот гол во првото коло од главната фаза

По комплетирањето на првото коло од главната фаза на Европското првенство 2024, кое се одржува во Германија, беа избрани петте најдобри интервенции и голови.

Иако Словенија беше поразена во дуелот со Шведска, сепак, голманот Клемен Ферлин, кој на моменти имаше блесоци против актуелниот бранител на титулата, ја има најдобрата одбрана во првото коло од главната фаза.

Автор на најубавиот гол е репрезентативецот на Австрија, Никола Билик. Левиот бек со осум погодоци ја предводеше својата репрезентација до победа над Австрија, а неговиот победнички гол беше избран како најубав.

Во продолжение погледнете ги најдобрите пет одбрани и голови од првото коло од главната фаза.