🎥 Реакцијата на Симиќ по победата над Србија стана хит на социјалните мрежи

Репрезентацијата на Црна Гора со победа го заврши настапот на Европското првенство во Германија и го обезбеди третото место во Ц групата.

Избраниците на Владо Шола во последното коло од групната фаза ја совладаа Србија со 30:29.

Во неизвесниот финиш, кружниот напаѓач Немања Грбовиќ погоди во последната секунда за голема радост во црногорскиот табор.

На почетокот на второто полувреме црвен картон заработи голманот Небојша Симиќ, кој на трибините со многу нервоза и емоции го следеше неизвесниот дуел.

Откако Грбовиќ погоди за конечни 30:29, искусниот голман не можеше да ги запре емоциите, а неговата реакција по возбудливиот финиш стана вирална.

Црна Гора заврши на 14. позиција, веднаш зад Шпанија, додека на претходното Европско првенство беше на 11 место.