🎥 Лудило во соблекувалната – еве како Грузијците ја славеа историската победа на ЕП

Селекцијата на Грузија ја забележа првата, историска победа, во деби настапот на Европското првенство.

Избраниците на Тите Каланадзе, поранешен играч на Вардар, ја победија Босна и Херцеговина со 22-19.

На овој натпревар за МВП беше прогласен за екс голманот на Прилеп и Охрид, Зураб Цинцадзе, кој сега брани за полскиот Азоти Пулави.

Грузијците ја прославија победата како да освоиле злато, но ова е сосема разбирливо бидејќи го имаа деби настапот на континенталните собири.

За Грузија настапуваат многу играчи што биле дел од македонската Супер лига, а во моментов еден од нив е левиот бек на Охрид, Теимураз Орјоникидзе.

Оваа победа значи трето место во групата, и многу веројатно прв шешир пред ждрепката за СП 2025 година.