🎥 Голот на Митев нѐ спаси од нови математики и главоболки

Македонија го заврши настапот на Европското првенство 2024 како 17.репрезентација на овој шампионат, а единствена послаборангирана екипа меѓу оние третопласираните е селекцијата на Грузија која за еден гол има полоша разлика и заминува во вториот шешир за бараж квалификациите за Светското првенство 2025.

Со вкупна гол разлика од -17, Македонија е последната од привилегираните третопласирани репрезентации во групната фаза која обезбедува пласман во првиот шешир за бараж дуелите за Светското првенство 2025. Еден постигнат гол помалку и Македонија и Грузија ќе беа изедначени, па според правилата на ЕХФ ќе се применуваат соодветните прaвила и пресметки. Затоа наместо да собираме количници и кој постигнал повеќе голови и како биле рангирани противниците, голот на Митев го расчисти патот по кој ќе се движи македонскиот репрезентативен ракомет. Македонија е во првиот шешир и ќе има условно повластена позиција во ждребувањето за бараж дуелите за Светското првенство во Хрватска и Норвешка…