🎥 Црногорците се враќаат дома, Шола ги загуби нервите по промашувањето за реми со Исланд

Црна Гора по два меча на Европското првенство нема ниту еден бод и ќе го заврши настапот по мечот со Србија во вторник.

Селекцијата предводена од Владо Шола имаше напад за реми против Исланд, кој славеше со 31-30.

Сепак неговите играчи не успеаја да организираат добра акција, иако Борозан упати удар, тој беше блокиран од одбраната на Исланд.

Тоа беа последните секунди од мечот, исландската радост веќе почна, а црногорскиот селектор Шола сакаше да го истури бесот на таблата за тајм-аут.

Исланд е на добар пат кон главната рунда, додека Црна Гора ќе остане уште да го одигра дуелот со Србија.