🎥 Атанасијевиќ во елитно друштво – со Душебаев, Борозан, Рикардсон…

Машката репрезентација на Македонија го загуби вториот натпревар на Европското првенство од Германија со 34-25.

И покрај тоа, медиа тимот на ЕХФ го смести погодокот на Петар Атанасијевиќ во најубавите пет погодоци на вчерашниот ден.

Во една полуконтра на Македонија, топката стигна до Атанасијевиќ кој елегантно ја смести во германскиот гол.

Меѓу петте погодоци што го одбележаа вчерашниот ден беа и оние на Алекс Душебаев, Вуко Борозан и Oдин Тор Рикардсон.