„Џабе победата на ПСЖ, ако не славиме во финалето“

Барселона полесно од очекувањата го победи францускиот ПСЖ со 37-32 во полуфиналето од Ф4 во Лигата на шампионите.

Десното крило Блаж Јанц, кој играше како поддршка за Дика Мем и на десната бековска позиција, вели дека оваа победа нема да се важи, ако не слават во финалето.

„Бевме нервозни на стартот, но тоа се промени и успеавме да го наметнеме нашиот ритам, брза игра во која подобро се снаоѓаме. Знаевме дека ПСЖ игра фантастично „7 на 6“ и дека мора да ја казниме секоја нивна грешка. Успеавме во тоа, постигнавме неколку лесни голови во такви ситуации, што ни ја олесни работата. Сепак, оваа победа над ПСЖ нема да значи ништо ако не победиме во финалето. Нашата цел е да ја освоиме титулата и со овој триумф работата не е завршена. Утре треба да излеземе на терен и повторно да бидеме максимално фокусирани, јасно е дека нема да биде лесно“, изјави Јанц.

Ривал на Барселона во финалето ќе биде победникот од дуелот меѓу Веспрем и Кил, додека поразениот од оваа средба ќе се соочи со ПСЖ во битката за трето место.

ПСЖ не е Вардар, тргна по пресврт, па претрпе катастрофа од Барса

Раул: Пробавме да направиме камбек, но беше невозможно

Пасквал: Не беше лесно да победиме тим како што е ПСЖ