Ќе ни треба среќа во ждрепката – Mакедонија добива ривал во баражот за СП

По трите победи на квалификацискиот турнир над Исланд, Литванија и Грција, женската репрезентација на Македонија обезбеди место во баражот за Светското првенство во Шпанија.

Денеска ќе биде позната репрезентацијата што ќе застане како последна пречка на патот до учество на големо натпреварување после долго време.

Од претходно место на СП имаат обезбедено светскиот првак Холандија и домаќинот Шпанија, како и четирите најдобри од последното ЕП – Данска, Хрватска, Норвешка и Франција.

Последните десет учесници ќе бидат познати по одигрувањето на баражите на 16/17 и 20/21 април. Најповолна ждрепка за нашата селекција би биле можеби Полска или Чешка, а тука би ги вметнале Словенија и Србија. Убаво би било да ги избегнеме Русија, Шведска, Унгарија, Црна Гора…

шешир 1: Русија, Шведска, Унгарија, Србија, Црна Гора, Германија, Романија, Полска, Чешка, Словенија

шешир 2: Македонија, Украина, Турција, Португалија, Словачка, Исланд, Австрија, Италија, Белорусија, Швајцарија

Ждрепката ќе се одржи денеска во Виена со почеток во 15:00 часот.