Ќе недостасуваат на трибините: Навивачите се силата на Вардар!

Најмалку до крајот на годинава поради коронавирусот ракометот ќе се игра пред празни трибини, како во националното првенство, така и во Европа. А, без навивачите во сала дефинитивно ќе им биде потешко на ракометарите на Вардар да ги бијат битките, особено во Лигата на шампионите.

„Комплетно сум фасциниран од навивачите. Она кое владее тука за ракометот можам да го споредам единствено со Турците и нивната љубов кон фудбалот, ја има истата лудост. „Јане Сандански“ е најтешката арена за играње за противниците. Ваква атмосфера нема во ниту една друга сала во Европа. Тие дефинитивно се силата на Вардар. Кога губиме тие ни помагаат да се вратиме во мечот, кога победуваме даваат дополнително крила. Не знам друго место на кое една екипа има таква атмосфера за игра и една таква публика позади себе без разлика дали ќе излезе како победник или поразен на крајот од мечот. Фасциниран сум и од чувството кое го имаш уште при доаѓањето во салата пред мечот, наежен си комплетно, се чувствуваш моќно и силно и тоа е многу, многу важно за нас. Се надевам дека ќе имаме шанса и сезонава да играме пред публика“, вели германскиот интернационалец во вардаровите редови, Кристијан Дисингер во интервјуто за 24ракомет.мк.

Комплетното интервју со Дисингер може да го прочитате на следниот ЛИНК.