Ќе има македонска битка за титула во Чешка

Тимовите на Талент Плзен и Брно, каде што играат македонските интернационалци Никола Костески и Дејан Кукуловски, ќе играат меѓусебе во четвртфиналето на плеј-офот во чешкиот шампионат.

Талент Плзен по освојувањето на Куп трофејот, славеше во последното коло од регуларниот дел на гости кај Копривице со 30-27.

Костески стандардно беше меѓу најдобрите стрелци и постигна четири погодоци на овој натпревар кој го остави Плзен на врвот на табелата со 47 бода.

Брно на Кукуловски го фати последниот воз и со триумфот над Нове Весели со 31-25 обезбеди место меѓу осумте најдобри екипи во Чешка.

Тимот на левиот бек остана на деветтата позиција со 24 бода, но откако Татран Прешов се откажа од чешкиот шампионат, кој беше петти и деветтиот тим обезбеди билет за разигрувањето за титулата и ќе вкрсти со првопласираниот Плзен.