Ќе избегаат од скопските жештини – вардарци од денеска на Златибор

По четири дена тренинзи во Скопје, ракометарите на Вардар од денеска ќе бидат на подготовки на Златибор.

Веселин Вујовиќ ги има на располагање сите планирани ракометари за следната сезона, освен десните бекови Давид Савревски и Едуардо Гурбиндо, кои имаат репрезентативни обврски.

По враќањето од Златибор, вардарци ќе одработат уште тренинзи во Скопје, пред првиот официјален натпревар во Суперкупот на 11 август.

Потоа ги чека настапи на турнирите во Струга и Магдебург, па четвртфиналниот двомеч со хрватскиот Загреб на 26 и 31 август.