Ќе биде ли дојдов, видов, победив – Вардарци денеска патуваат за Загреб, се враќаат веднаш по мечот

Ракометарите на Вардар ги очекува тешко гостување во Лигата на шампионите кај хрватскиот првак Загреб.

За разлика од досегашната пракса, „црвено-црните“ не отпатуваа ден порано пред двобојот. Тие денеска во 11:00 часот ќе полетаат за хрватската престолнина.

По краткиот одмор ќе се упатат кон „Сутинска врела“, каде ќе се игра натпреварот со „плинарите“, а веднаш потоа се враќаат и во Скопје би требало да биде во 03:00 часот наутро.

Натпреварот меѓу Загреб и Вардар се игра вечерва во 20:45 часот.