Љатифи: Нѐ понесе еуфоријата, мислевме дека е готово на почетокот

Ракометарките на Чаир не успеаја да ја оправдат улогата на фаворит на гостувањето кај Вардар и одиграа само реми, 29:29.

Чаир имаше добар старт, но до 45-та минута беше во негатива, губеше и со пет гола разлика.

Сепак, во финишот гостинот целосно се врати во игра и може да биде задоволен со освоениот бод против „црвено-црниот“.

Тренерот на Чаир, Басри Љатифи, направи кратка анализа за одиграното против Вардар.

,,На почетокот нѐ понесе еуфоријата, водевме со 6:1 и тогаш ракометарките мислеа дека е готово, дозволија противникот да се врати во игра, публиката тука беше и главен фактор, но подобро со еден бод отколку со ништо. Во нашата лига има три до четири екипи кои имаат сериозен квалитет и против овие екипи нема однапред да може да ги планираме бодовите. Тоа значи дека на секој натпревар ќе се оди на победа, ние имавме мал хендикеп, новото засилување со нас не беше речиси 30 дена, тоа малку не поремети, но верувам дека имаме уште неколку корекции да направиме, генерално сум задоволен од ракометарките. Ние на тренинг и пред и после натпревар цело време зборуваме дека техничките грешки не чинат многу. Оваа година имаме играчи кои можат да одговарат на задачите и верувам дека од натпревар во натпревар ќе бидеме се подобри и подобри”, изјави Љатифи за 24Ракомет.

Чаир во второто коло за ривал го има Пелистер, во третото коло игра со незгодната Стружанка, потоа следуваат дуелите со Металург Автокоманда, Спартак, Деспина, Ѓорче Петров…

 

Градското дерби меѓу Вардар и Чаир заврши без победник