Јуниор КВ загуби од Струга и се сели во Првата лига

Иако екипата на Јуниор КВ имаше голема шанса да победи на денешното гостување во Струга кај истоимената екипа, сепак, грешките во финишот ја чинеше скопската екипа преселба во Првата лига.

Јуниор КВ во последното коло од плеј-аут фазата беше поразена од Струга со 27:25 и тимот од Кисела Вода официјално е новиот прволигаш, откако нејзиниот главен ривал за 6. позиција, Вардар Неготино на свој терен го совлада Куманово и избега од директно испаѓање, односно се избори за бараж дуел.

Натпреварот во Струга мина во голема борба, во која двете екипи наизменично се менуваа во водство, па така резултатот во најголемиот дел беше нерешен и само нијанси одлучуваа каков ќе биде исходот.

Како што е веќе познато, нови суперлигаши се екипите на Мулти Есенс и Аеродром, додека Јуниор КВ и Радовиш во следната сезона ќе играат во прволигашката конкуренција.