Јотиќ: Најважно е што повторно играме ракомет

Ракометарите на Вардар одиграа одличен натпревар во 4. коло од Лигата на шампионите, а паузата очигледно влијаела позитивно.

Со 31:26 го надиграа досега несовладаниот Флензбург и на тој начин му го нанесоа првиот пораз на тимот од Германија.

Хрватот Ловро Јотиќ смета дека најважното е што Вардар повторно игра ракомет.

„Ова беше еден тежок меч за нас, затоа што скоро цел месец немавме официјален натпревар. Но ега се покажавме доста добро и во првото и во второто полувреме. Многу важно за нас во овој момент е да играме ракомет. Го чекаме следниот меч со Порто на домашен терен. Би сакал да им честитам на сите што се во Вардар за оваа добра средба“, изјави Јотиќ.

Следниот натпревар во Лигата на шампионите, Вардар повторно ќе го игра на домашен терен против Порто и Никола Митревски.