Јотиќ и Дисингер ќе бидат подготвени за Нексе

Тренерот на Вардар, Стевче Алушовски, ќе може да смета на услугите на Ловро Јотиќ и Кристијан Дисингер на натпреварот против Нексе в сабота.

Освен капитенот Стоилов, кој е во изолација поради позитивниот тест на коронавирус, останатиот дел од екипата од денеска се враќа на тренинзи пред реванш четвртфиналниот меч од регионалната СЕХА лига.

Јотиќ се пожали на болки во рамото, а Дисингер на болки во коленото по Струшкиот турнир, па двајцата беа на поштеда. Исто така и Гоце Георгиевски, кој не играше против Металург, ќе биде подготвен за средбата со Нексе.

Натпреварот меѓу Вардар и Нексе се игра в сабота со почеток во 20:15 часот во СЦ „Јане Сандански“ без гледачи.

Досега на завршниот турнир се пласираа Мешков Брест, Веспрем и Загреб, а се чека на Вардар на кој доволно ќе му биде и реми против Нексе за место на Ф4 во Задар.