Јован Талевски пред потпис со Еурофарм Пелистер 2

Македонскиот интернационалец Јован Талевски по една сезона мината во босанската екипа Слобода Тузла се врати во татковината.

Одличниот плејмејкер од денеска ќе се приклучи на тренинзите на Еурофарм Пелистер 2 и се очекува да потпише договор со битолскиот клуб.

Тој потекнува од школата на Вардар, играше за Вардар Јуниор и Прилеп во Македонија, а беше член и на турскиот Јозгат Бозокспор.

Настапуваше и за младинските селекции на Македонија, а со неговиот ангажман тренерот на битолчани Александар Јовиќ ќе добие големо засилување.