Јована Мицевска имаше одлична сезона во Франција – собра 133 одбрани на 13 натпревари!

Македонската репрезентативна голманка, Јована Мицевска, ја заврши својата втора сезона во Франција по заминувањето од ЖРК Вардар.

Мицевска, која настапува за првиот и за вториот тим на Ница предводена од македонскиот стратег Марјан Колев, остави одлична статистика зад себе.

За првиот тим беше во составот на шест меча, доби мала минутажа против Мец и против Париз, и запре три удари.

За вториот тим на Ница, кој настапува во Третата лига, играше на 13 натпревари и собра вкупно 133 одбрани, односно 11.1 во просек.

Најдобро издание имаше против Турнефеј кога забележа 20 одбрани, а против Кан имаше 19 интервенции.