Јиха влезе во историјата – освои титула во ЛШ како играч и тренер со ист клуб!

Тимот на Кил стана европски шампион откако славеше над Барселона со 33-28 во финалето на завршниот турнир во Келн.

Ова е четврта европска титула за „зебрите“, а е историска за тренерот Филип Јиха, бидејќи стана првиот што ја освоил ЛШ како играч и тренер со ист клуб.

Со Кил тој ја освои титулата во 2012 година, а осум години подоцна и како тренер на овој клуб се радуваше пак.

Титули како играчи и како тренери имаат уште Талант Душебаев и Роберто Гарсија Парондо. Душебаев како играч освојуваше титула со ТЕКА Кантабрија, а како тренер со Сиудад Реал и Келце, додека Парондо како играч со Сиудад Реал, а како тренер со Вардар.