Јехона со триумф од гостувањето во Гевгелија

Во интересен натпревар полн со неизвесност екипата на Јехона успеа да дојде до победа на дуелот против Партизан со 29:28 и тоа во Гевгелија. Победата дојде во завршницата кога гостите успеаја да постигнат гол за победа по што освоија три бода.

Целиот натпревар мина во израмнета игра и со постојани пресврти. И двете екипи беа во предност и го водеа овој дуел, но нијанси одлучуваа.

Домашните успеаја да го финишираат првиот дел со 15:14, но не издржаа во продолжението да имаат поголемо водство и контрола, па му дозволија на противникот да се врати во позитива. Гостите имаа нешто повеќе од играта во завршницата, па само еден удар пресуди кој на крајот ќе се радува на триумф.

ПАРТИЗАН – ЈЕХОНА    28:29 (15:14)

Сала: „26 Април“ во Гевгелија. Гледачи: 100. Судии: Иван Илиевски и Александар Марковски од Битола. Делегат: Васил Чавдаров од Богданци.

ПАРТИЗАН: Костадинов, Митров, Димитров, Р. Узунчев 3, Лисичков 8, Џалев, Маренчев 4, Вегов 6, Динев, Јанев 2, Т. Узунчев 5, Д. Узунчев, Агов, Велев.

Седмерци: 2/3, Исклучувања: 14 мин.

ЈЕХОНА: Јанузи, Павловски, Илиевски, Живковски 3, Маринковски 2, Бошковски 3, костовски, Давидовски 6, Џафери 3, Јовановски, Тасески 10, Салоу 2, Илијески, Селмани, Столески, Амети.

Седмерци: 2/3, Исклучувања: 14 мин.