Јехона се засили со ракометар од Бутел Скопје

Прволигашот Јехона, која пред два дена ги започна подоготвките за новата натпреварувачка сезона, го ангажираше новото засилување во своите редови.

Станува збор за повратникот во екипата, Давор Стојкоски, кој се враќа во матичниот клуб, откако две сезони мина во редовите на Бутел и настапуваше за кадетскиот тим на клубот од Скопје.

Високите амбиции на Јехона за новата сезона, во која ќе атакува на пласман во плеј-оф фазата од Првата лига, беа причина да го ангажира младиот и перспективен ракометар.

Претходно екипата од Гостивар се засили со искусните Адис Салиу и Мојсе Тасески. Клубот во изминатата сезона играше во плеј-оф фазата во Првата лига, но не успеа да избори пласман во македонската елита.

Јехона во новата сезона во Првата лига ќе игра во групата А заедно со Работнички, Македонија ЃП, Мултиесенс, Кичево, Бисинов, Текстилец, Овче Поле, Шампион и Младост Богданци.