Ја „елиминира“ Македонија и реши да паузира од репрезентација

Носителот на играта на романската репрезентација, Кристина Неагу реши да одмори од репрезентативните обврски до почетокот на Светското првенство во Шпанија кое ќе биде одржано во декември.

Неагу на двата бараж натпревари против Македонија си ја заврши задачата на одлично ниво. На првиот одигран натпревар во Букурешт беше нерешлива енигма за македонската репрезентација и постигна 12 гола, а денеска немаше потреба да игра многу бидејќи нејзините колешки беа супериорни.

Левиот бек на Романија ќе пропушти и дел од квалификациските натпревари за настап на Европското првенство во 2022 година на кое домаќини ќе бидат Македонија, Црна Гора и Словенија.

Романката нема да игра на квалификацискиот натпревар против победникот од претквалификациските натпревари, најверојатно тоа ќе бидат Фарски Острови, датумот за тој натпревар е 6 октомври. Неагу ќе го пропушти и првиот квалификациски натпревар против Австрија закажан за 9 октомври.

Романија не стравува многу за двата натпревари против послабите репрезентации и најверојатно рутински ќе обезбеди настап на Европското првенство во 2022 година.