Јахија Елдера не доаѓа во Вардар оваа сезона

Вардар ќе мора потрагата по среден бек да ја насочи на друго место, откако стана јасно дека Јахија Елдера нема да дојде во Скопје оваа сезона.

На египетскиот репрезентативец му беше понуден договор на три сезони и требаше да дојде во Вардар заедно со неговиот брат Сеиф Елдера, но тој не може да го напушти Египет поради воениот рок.

Во меѓувреме, Сеиф Елдера, замина од Хелиополис и му се придружи на Јахија во Замалек. Беше најавено дека Вардар ќе го чека одговорот на Јахија Елдера и дали ќе може да го одложи воениот рок до средината на јуни, но веќе е јасно дека нема има преселба на „фараонот“ во Скопје.

Сепак остануваат шансите следното лето Вардар да ги добие планираните засилувања од Египет.

Досега македонскиот тим го засилија левото крило Јан Чувара, голманите  Мартин Томовски и Али Сафар, пивотменот Жереми Тото, десното крило Дарко Ѓукиќ, левиот бек Анте Кудуз, како и десниот бек Едуардо Гурбиндо. Дополнително треба да бидат потврдени трансферите на Бакари Диало – лев бек и Јоел Моралес – десен бек.