Јахија: Дејвис го виде потенцијалот во мене, секогаш ќе му бидам благодарен

Вардар и Веспрем утре го играат реванш натпреварот од Лигата на шампионите, македонскиот преставник ќе гостува во „Веспрем Арена“ со висока негатива од осум гола разлика (22:30).

Во интервју за клупскиот сајт ракометарот на Веспрем, Омар Јахија помеѓу другото зборуваше за тренерот на Вардар Давид Дејвис. Двајцата добро се познаваат од времето во Веспрем, но и репрезентацијата на Египет. Дејвис селектор на египетската репрезентација беше во 2018 година, но не се задржа долго.

„Да, Дејвис ми беше тренер во репрезентацијата и останaвме до добри односи до денес. Во тоа време Веспрем испрати понуда, но Давид беше тој кој покажа голема доверба во мене. Го забележа потенцијалот кој го имав и знаеше каде треба да одам и за што сум способен. Секогаш ќе му бидам благодарен“, изјави Јахија.

Натпреварот помеѓу Веспрем и Вардар се игра во терминот од 18:45 часот.