Јарослав внимателен пред двобојот со Ѓорче Петров

Полската екипа Јарослав е подготвена за голема борба и два тешки натпревара во Скопје во рамки на осминафиналето од Европскиот куп против македонскиот првак Ѓорче Петров.

Јарослав е веќе во Скопје за да се прилaгоди на амбиентот што гo очекува во главниот град на Македонија.

,,Во оваа фаза од натпреварувањето нема слаби екипи. Нема сомнеж дека не очекуваат два тешки натпревара. Тимот од Македонија е млад, што значи и гладен за успех. Ако на тоа се додаде балканскиот карактер, тоа е знак за жестоки и тешки дуели”, истакна Силвија Матушчик една од најискусните ракометарки на полскиот тим.

Со слично мислење е и голманката Вероника Кордовиецка.

,,Ќе играме на тежок терен. Мора да го играме „нашиот ракомет“ ако сакаме успех и да не дозволиме да бидеме вовлечени во играта на противникот Ѓорче Петров. Резултатот од дуелот мора да биде во наша корист”, потенцираше Кордовиецка.

Ракометарките на Јарослав на патот до осминафиналето имаа тешка задача во 2.коло од квалификациите. На домашен терен загубија од холандски Венло со 27:29, а потоа победија на гости со 36:30.

Во следната рунда во двата натпревара во Полска ги победија Алавариум од Португалија со 36:26 и 44:21.

,,Мораме да играме со ладна глава и да ги елиминираме грешките од претходните натпревари. Основата за пласман во следната рунда мора да биде добрата игра во одбраната”, изјави Катаржина Козимур.

Двата натпревари ќе се играат во салата во Автокоманда на 13 и 14 јануари со почеток во 18:00 часот. Влезот за двата дуели е слободен.