Јакобсен: Оваа Македонија беше поинаква од онаа во четвртокот

Данска и се реваншираше на Македонија за поразот во Скопје и успеа да ја победи со 37-21 во четвртото коло од квалификациите за Европското првенство.

Селекторот Николај Јакобсен вели дека репрезентацијата што играше во четвртокот и оваа денеска не се исти.

„Сакавме да победиме на двата меча. Но, имаше голема разлика од тимот со кој игравме денеска од оној во четвртокот. Ќе имаме можност да го освоиме првото место со победа на последните два меча. Тоа беше целта во овие квалификации. Сакавме досега да ја имаме завршено работата, но не го направивме тоа. Задоволен сум од одиграното, иако на моменти можевме да одиграме подобро“, изјави Јакобсен.

Во следните две кола Данска ќе игра на гости со Швајцарија и дома со Финска, додека Македонија на гости со Финска и дома со Швајцарија.