Јакобсен: Мора да ја победиме Македонија, ќе биде срамно ако паднеме на третото место

Светскиот првак Данска загуби во Македонија со 33-29 во третото коло од квалификациите за Европското првенство во 2022 година.

Селекторот Николај Јакобсен вели дека најважно е да се обезбеди место на ЕП, но ќе биде срамно ако Данска биде трета во групата.

„Најважно е да се пласираме на Европското првенсто без разлика дали сме први или втори во групата. Ќе биде голем срам ако дозволиме да паднеме на третото место на табелата. Не би сакал да се случи тоа. Исто така ќе играме за да бидеме подобри во двомечот од противникот, од кој загубивме пред неколку дена“, изјави Јакобсен.

Натпреварот меѓу Данска и Македонија се игра денеска во Алборг, со почеток во 16:00 часот.