Ѕирнете во олимпиското село – каде ќе бидат сместени спортистите за време на игрите (ВИДЕО)

Летните Олимписки игри во Токио стартуваат наредниот месец и пред самиот старт е позната локацијата на која ќе бидат сместени учесниците. На Олимписките игри во Токио ќе учествуваат повеќе од 10.000 спортисти.

Официјалниот You Tube канал на Олимписките игри го објави видеото од местото кое ќе биде привремено живеалиште на спортистите.

Сите спортисти ќе бидат сместени во Олимпиското село во областа, Харуми. Поради опасност од ширење на коронавирус се очекува да биде огрничено движењето на спортистите во олимпискиот комплекс.

Ракометните натпревари ќе се одржат од 24 јули до 8 август.