Ѓорѓиевска: Не се плашиме од противниците, туку од тоа како ќе одиграме ние

Женската сениорска репрезентација ја чека квалификацискиот турнир за пласман во баражот за СП во Шпанија.

Капитенот на нациоаналниот тим Елена Ѓорѓиевска, вели дека е голем минус тоа што немаше наптревари долго време со репрезентацијата.

„После долг период поради коронавирусот, имаме голем минус поради тоа што немавме репрезентативни настапи долго време. Имаме некои нови играчи што треба да се докажуваат и да дадат се од себе за репрезентацијата. Три пати по ред играме со Исланд во квалификации за СП, има напредок голем кај нив, но се надевам дека нема да имаме проблеми. Досега двапати ги совладавме со поголема разлика и мислам дека нема да имаме никакви проблеми со ниту една репрезентација. Се молиме да добиеме во април некој нормален противник и да си го оствариме сонот, а тоа е да се видиме на Светското првенство во Шпанија“, изјави Ѓорѓиевска.

Десниот бек на Магура Чиснадие вели дека најмногу ја плаши како ќе одиграме ние, а не ривалите.

„Не се плашиме од противниците, туку од тоа како ќе одиграме ние. Ниту еден противник не се потценува и ги гледаме како добри ривали затоа што сите три екипи се на добро ниво. Се ќе зависи од тоа како ние ќе одиграме“, вели Ѓорѓиевска.

Македонија ќе ги игра сите три меча од квалификацискиот турнир против Исланд, Литванија и Грција ќе ги игра со почеток во 12:00 часот.