Ѓорѓиевска во топ форма пред квалификациите, го наполни голот на Валчеа

Елена Ѓорѓиевска одигра фантастичен натпревар во романскиот шампионат против Валчеа. Во рамките од 12-то коло, Магура Чиснадие, немаше доволно сили против поквалитетниот тим на Валчеа и доживеа пораз од три разлика, 30:27. На полуврме резултатот беше 15:14 за домашната екипа.

Македонската репрезентативка беше феноменална на теренот со 10 постигнати голови. Во второто полувреме екипата на Ѓорѓиевска успеа да се врати во игра и да го израмни резултатот во неколку моменти, но сепак искуството и поголемата ротација на домаќините беше пресудно во последните минути.

Добрата форма на Ѓорѓиевска треба да биде и добар знак за селекцијата на Македонија во пресрет на квалификацискиот турнир во период од 19 до 21 март за бараж натпреварите за Светското првенство во Шпанија. Магура Чиснадие се наоѓа на 8. позиција на табелата со биланс од пет победи, шест порази и едно реми. Во следното коло, Ѓорѓиевска и нејзините колешки на свој терен го пречекуваат составот на Клуж, тим кој се наоѓа меѓу последните екипи на табелата.

Елена Ливриниќ одигра уште еден одличен натпревар во романскиот шампионат и беше прв стрелец за екипата на Глорија Бузау. Нејзиниот тим славеше со резултат 24:23 против Слатина и ги задржа шансите за пласман на втората позиција на табелата. На полувреме екипата на Слатина имаше предност од два голови, 12:14.

Ливриниќ постигна пет голови од 7 обиди, а победничкиот гол за Глорија Бузау беше постигнат кон крајот на 58.минута од страна на Алина Илие. Втората Македонка во Глорија Бузау, Марија Штериова, не настапи поради повреда. Втор стрелец во победничката екипа беше поранешната ракометарка на Вардар, Марија Петровиќ, со четири погодоци. Во следното коло, Глорија Бузау, гостува кај директниот конкурент за второто место, Баја Маре.