Ѓорче Петров слави титула – пионерките се шампиони на Македонија

Пионерската екипа на Ѓорче Петров ја одбрани титулата што ја освои и минатата сезона во женската пионерска лига.

Ѓорче Петров во финалниот натпревар од завршниот турнир ја совлада екипата екипата на Деспина Прилеп со убедливи 25-14.

По првото полувреме домаќинките на Ф4 турнирот, водеа со 12-9, но вто вториот дел комплетно ја имаа доминацијата на теренот.

Најдобар стрелец на турнирот е Јана Петровска од Ѓорче Петров, додека најдобар голман исто така доаѓа од победничката екипа – Зорица Хасаноска. За најкорисен играч на Ф4 беше прогласена ракометарката на Скопје, Стефани Ристиќ.

Ѓорче Петров и Деспина ќе се борат за титулата кај пионерките