Ѓорче Петров и Деспина ќе се борат за титулата кај пионерките

Екипите на Ѓорче Петров и Деспина вечерва ќе се борат за освојување на шампионската титула во пионерската лига од женска конкуренција.

Ѓорчепетровки до финалето стигнаа откако во полуфиналето беа убедливи против екипата на Стружанка со резултат 17:9.

Избраничките на Милева и Ангел Велкови, одиграа одличен натпревар и целосно го надиграа составот на Стружанка. Победникот веќе беше познат по првото полувреме, кое заврши со 11:3 за победничката екипа.

Ракометарките на Деспина потешко од очекуваното дојдоа до победа над Скопје 2020. Прилепчанки славеа дури по изведувањето на пенали со 19:17. Регуларниот дел од натпреварот заврши нерешено, 14:14. Деспина на полувреме имаше два гола позитива, 6:4.

За третото место ќе играат поразените екипи од двете полуфиналина, Стружанка и Скопје 2020. Натпреварот за трето место е закажан со почеток од 17:30 часот, додека финалето од 19:30 часот. Двата натпревари ќе се одиграат денес во спортскатата сала ,,Христо Батанџиев” во Ѓорче Петров.