Европски натпревари на Ѓорче Петров по 13 години на МТВ!

Македонскиот шампион Ѓорче Петров по 13 сезони се врати на европска сцена, а со тоа се враќаат и преносите од европските натпревари на овој клуб на МТВ.

Двомечот од третото коло на Европскиот Куп меѓу Ѓорче Петров и австрискиот Румс Јагс ќе се игра во Скопје. Двата меча се на програмата во сабота и недела во салата „Автокоманда“ од 18:00 часот.

Националниот сервис ќе врши директен пренос од двата дуели, а љубителите на ракометот ќе имаат можност да следат одново женски клупски ракомет по оние средби од плеј-офот лани.

Последен пат Ѓорче Петров играше во Европа во сезоната 2008/09. Најпрво беше дел од ЛШ, а по елиминацијата, се пресели во тогашниот Куп на победниците на куповите. Беше елиминиран од германскиот Баер Леверкузен со вкупен резултат 51-42.

По долги години пауза, и по освојувањето на шампионската титула, Ѓорче Петров обезбеди место во Европа, а веќе го мина и првото коло против тимот од Исланд, КА Тор со вкупен резултат 54-43.