Ѓорче Петров победнички во Струга за први бодови

Ракометарките на Ѓорче Петров ја остварија првата победа во Женската лига во групата Б откако без многу проблеми славеа на гостувањето против екипата на Стружанка со 21:29.

Ѓоче Петров уште од самиот почеток влезе силно во натпреварот и го имаше почетното водство. Гостинките поведоа со 1:4, а после 4:5 започна серијата со кога тимот од Скопје практично ја обезбеди победата.

На серијата од 7:0 на Ѓорче, Стружанка одговори со пет последователни гола и до полувремето ја ублажи негативата. После одиграни 30 минути резултатот беше 11:14. Во продолжението гостинската екипа целосно го контролираше резултатот и без проблеми стигна до победата.

Најефикасна во победничката екипа на Ѓорче Петров беше Симона Стојановска со шест гола, а Анастасија Белевска погоди петпати. Во екипата на Стружанка убедливо најефикасна беше Магдалена Делиоска со десет гола.