Ѓорче Петров не виде мака против Истогу

Македонскиот шампион Ѓорче Петров славеше убедливо на контролниот натпревар против првакот на Косово, Истогу.

Избраничките на Симе Симовски триумфираа со осум гола разлика, 37-29, иако имаа и плус 12, 37-25.

По почетните 4-4, македонскиот првак поведе со 7-4, до крајот на полувремето ја зголеми предноста до 19-14.

Најдобри стрелци кај ѓорчепетровки беа Ана Марија Коларовска со осум, Анастасија Николовска со седум и Милица Николиќ со шест погодоци.

Со овие пријателски натпревари, мaкедонските екипи го пополнуваат празниот простор до стартот на пролетниот дел од Женската лига на 11/12 март.