Ѓорче Петров и Куманово со ривали од Исланд и Израел, Металург и Чаир ќе патуваат во соседството

Денеска во седиштето на Европската ракометна федерација беа извлечени двојките за второто коло од Европскиот Куп во женска конкуренција.

Македонија во ова натпреварување ќе има четири претставници. Тимот на Металург за ривал го доби шампионот на јужниот сосед, ПАОК Солун, па нема да има далечно патување.

Кратко патување го чека и тимот на Чаир, кој ќе се соочи со Истогу од Косово.

Таква среќа немаа Куманово, кој за противник го доби израелскиот првак Макаби Рамат Ган од Израел, како и шампионот Ѓорче Петров, кој ќе се соочи со исландскиот тим КА Пор.

Првите натпревари од второто коло во Европскиот Куп ќе се играа на 8/9 октомври, додека реваншите се на 15/16 октомври.

Европски Куп, жени, 2 коло:

ПАОК (Грција) – Металург
Истогу (Косово) – Чаир
Куманово – Макаби Рамат Ган (Израел)
Ѓорче Петров – КА Пор (Исланд)