Ѓорче Петров ги задржа и најмладите – остануваат Гошевска, Божиновска, Грковска…

Македонскиот шампион Ѓорче Петров го комплетираше играчкиот ростер пред стартот на новата сезона.

Откако беа обновени договорите со најголем дел од првотимките од минатата сезона и тренерот Симе Симовски, беа потврдени и нови соработки со најмладите.

Станува збор за кадетската репрезентативна голманка Софи Гошевска, како и за Јана Грковска и Ева Божиновска.

Ѓорче Петров настапи на претсезонскиот турнир „Ѓорче Куп 2023“ и го освои третото место, а допрва ќе одигра уште неколку пријателски натпревари пред стартот на сезоната.

Допрва ќе биде познато кога ќе стартува Женската лига и колку клубови ќе играат во новата сезона.