Ѓорчепетровки останаа без тренер откако загубија од Овче Поле

Најавен како нов и силен проект во женскиот ракомет, тимот на Ѓорче Петров е веќе во сериозни проблеми откако го загуби и третиот меч сезонава вод четири натпревари. Тие загубија на гостувањето во Св. Николе кај Овче Поле со 31-23.

Поразот од Овче Поле донесе и оставка на тренерот Оливер Димитриоски кој реши да замине. Откако загубија претходно на домашен терен од Металург, имаше најава дека може да се случи промена, а сегашниот пораз беше само потврда дека во тимот има криза. Димитриоски замина и им посака успех и побрзо излегување од сегашната криза во која се најде тимот.

Клубот имаше одличен почеток, и освојување на турнирот на крајот на август што го организираа во Ѓорче Петров. Донесени беа повеќе ракометарки, некои од нив сегашни поранешни репрезентативки, и со амбиција да се игра во завршницата и да се борат за титулата.

Неизвесно е кој ќе продолжи на местото на Димитриоски, но веројатно сега првично ќе продолжи Милева Велкова која беше него помошник.

Нов шок за ѓорчепетровки: Овче Поле СУ без респект кон големиот фаворит