Ѓер не дозволи изненадување против ЦСКА Москва, дебакл на Будуќност

Вториот претставник од Русија во Лигата на шампионите, ЦСКА Москва на гостувањето во Унгарија кај Ѓер беше убедливо поразена со 32:22 во рамките од третото коло во елитното натпреварување во рамките од Групата Б.

Екипата предводена од Флорентин Пера добро се држеше во првите дваесетина минути, не дозволуваше Ѓер да се одлепи на поголема предност, но грешките во последните минути од првиот дел беа причина вицешампионот на Унгарија да замине со предност од 17:15.

Во второто полувреме, Ѓер со одличната одбрана и интервенциите на Солберг го зголемуваше своето водство од минута во минута. ЦСКА Москва немаше многу идеја во своите напади и главно преку Грос и Сабирова се закануваше кон голот на противникот.

Најефикасна во составот на Ѓер беше Стине Офтедал со пет погодоци, додека во ЦСКА Москва се истакнаа Ана Грос и Карина Сабирова со по шест гола. Македонската репрезентативка, Сара Ристовска одигра солидна партија во московската екипа и натпреварот го заврши со три гола од четири обиди.

Црногорскиот првак Будуќност загуби убедливо со 15 голови разлика кај данскиот Есбјерг со 35-20.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ – РЕЗУЛТАТИ

3.КОЛО

ГРУПА А

БОРУСИЈА ДОРТМУНД – БРЕСТ БРЕТАЊ 30:27 (15:9)
ПОДРАВКА – ЧСМ БУКУРЕШТ 31:36 (15:16)
ЕСБЈЕРГ – БУДУЌНОСТ 35:20 (16:10)
РОСТОВ ДОН – ФТЦ БУДИМПЕШТА 19:20 (8:11)

ГРУПА Б

ЃЕР – ЦСКА МОСКВА 32:22 (17:15)
МЕЦ – ВАЈПЕРС КРИСТИЈАНСАД 23:18 (14:9)
САВЕХОФ – ОДЕНЗЕ 31:37 (16:19)
КАСТАМОНУ – КРИМ МЕРКАТОР 23:24 (9:12)