Ѓаволот ја однесе шегата – Червар го пријави Карачиќ за главната фаза

Хрватска забележа победи над Ангола и Катар, а ремизираше со Јапонија и со три бода ќе игра во главната рунда на Мундијалот во Египет.

Иако не загубија, сепак никој не е воодушевен од играта на избраниците на Лино Червар, кој патем имаше големи проблеми откако остана без Лука Циндриќ по првиот меч.

Ветеранот Јанко Кевиќ очигледно не е решение за средната бековска позиција, со оглед дека таму игра и уморниот Дувњак, па Червар реши да направи уште една замена и во ростерот да го уфрли до скоро повредениот Игор Карачиќ.

Некогашниот вардарец би требало да биде во состав уште на утрешниот меч против Бахреин, кој Хрватска мора да го добие за да ја подобри позиција и шансите за четвртфинале.