ШТО ВЕЛАТ ОБЛОЖУВАЧНИЦИТЕ: Вардар е голем аутсајдер во Белорусија! (ФОТО)

Денеска започнува новата сезона во Лигата на шампионите, а прв предизвик за европскиот шампион Вардар ќе биде гостувањето кај Мешков Брест.

Во „црвено-црниот“ тим имаше многу измени, дојдоа дури девет многу играчи, а белорускиот првак донесе четири нови имиња.

Вардар имаше бледи изданија во подготвителниот период, но и Мешков Брест не прикажа којзнае колку, кога говориме за СЕХА или пријателските натпревари, а не земајќи го во предвид слабото белоруско првенство.

И покрај тоа фаворитската улога од најпознатите светски обложувачници му е доделена на домашниот тим.

Коефициентот за победа на Мешков се движи од 1.25 до 1.34 (за 1 вложено евро, добивате 1.25 евра), за реми коефициентот е од 10.00 до 12.00, додека за победа на Вардар, коефициентот се движи од 4.33 до 5.10 ( за 1 вложено евро добивате 4.33 евра).

Натпреварот меѓу Мешков Брест и Вардар се игра вечерва од 18:45 часот во салата „Викторија“.