Штериова во стандардна форма, меѓу осумте најдобри во Купот на Романија

Интернационалката на Македонија во првенството на Романија, Марија Штериова обезбеди важен триумф со колешките од Баја Маре против Униреа Слобоција од 29:20 во Купот на Романија. Тие се пласираа во четврт-финалето така што ќе има нов дуел.

Штериова продолжува со стандардните игри, а на овој натпревар имаше четири гола од десет шута со кои беше меѓу поефикасните во својот тим.

Уште не е познато кој ќе биде следниот ривал за Штериова и за Ливриниќ, која исто така обезбеди четврт-финале. Покрај Баја Маре и Рапид Букурешт во четврт-финалето се и ЧСМ Слатина, Клуж, Глорија Бузау, Дунареа Браила, Рамницу Влчеа и ЧСМ Букурешт.