Штербик: Толку од мене, мислам дека го одиграв последниот натпревар во кариерата!

Поранешниот голман на Вардар, Арпад Штербик, кој со македонскиот тим стана европски првак во 2017 година, се чини дека нема да го повтори тој успех со унгарскиот Веспрем.

Штербикза унгарската телевизија „Спорт ТВ“, откри дека тешко ќе биде подготвен за евентуалниот Ф4 во август.

„На зима, по три недели пауза, во февруари веќе бев во добра форма. Но ако морам да почнам да тренирам по четири месеци пауза, можам да замислам како ќе изгледа тоа. Ова тренирање дома е далеку од ракомет, па за мене ќе биде тешко да се вратамна терен со 41 година. Мислам дека натпреварот против Татабања беше мојот последен. Жал ми е за Ф4, сакав да бидам таму и да станам шампион, но тоа за мене сега е невозоможна мисија“, изјави Штербик.

Веспрем треба да се соочи со полскиот вицепрвак Висла Плоцк во осминафиналето на Лигата на шампионите, а потоа во евентуалното четвртфинале би играл со победникот од ПИК Сегед и Вардар.