Штербик: Ланскиот пораз од Вардар – најболен момент од кариерата во Веспрем!

Арпад Штербик најави дека ќе ја заврши кариерата сезонава, но и покрај тоа Веспрем ќе го пријави за следното издание на Лигата на шампионите.

Тој мина пет сезони во унгарскиот гигант, три од 2001 до 2004, и сега од 2018 до 2020 година. Во меѓувреме играше за Сиудад Реал, Атлетико Мадрид, Барселона и Вардар.

„Најубав спомен од кариерата во Веспрем ми финалето од сезоната 20012/02, кога игравме против Магдебург. Тоа беше мое деби во ЛШ и веднаш играв финале. Најболниот момент ми е ланскиот пораз во финалето од Вардар“, вели Штербик.

Догодина голот на унгарскиот тим ќе го бранат Владимир Цупара, Мартон Секељ и Родриго Коралес, додека и Штербик продолжува со полесни тренинзи и ќе биде на терен ако затреба.