Шпанците со тежок триумф против Романија, Шведска убедлива против Полска

Во рамки на ЕХФ неделата денеска беа одиграни неколку контролни натпревари, а репрезентацијата на Шпанија во еден од поинтересните дуели ја совлада селекцијата на Романија со 33:29.

Романците дадоа силен отпор, а на полувреме Шпанија имаше само гол предност од 16:15. Сепак, во продолжението „фуријата“ не дозволи изненадување и славеше победа.

Шведска беше убедлива против Полска откако имаше одлично издание во првото полувреме и водеше со 17:10. До крај на натпреварот Швеѓаните немаа проблеми да ја сочуваат позитивата и да остварат лесен тирумф од 31:24.

Тунис со многу проблеми го совлада дебитантот на последното Светско првенство, Зеленортски острови со 28:27, а победи уште остварија и репрезентациите на Катар против Саудиска Арабија, Црна Гора против Швајцарија и Кувајт против Иран.

ПРИЈАТЕЛСКИ НАТПРЕВАРИ

РЕЗУЛТАТИ

ШПАНИЈА – РОМАНИЈА 33:29 (16:15)

ШВЕДСКА – ПОЛСКА 31:24 (17:10)

ТУНИС – ЗЕЛЕНОРТСКИ ОСТРОВИ  28:27 (14:12)

КАТАР – САУДИСКА АРАБИЈА 25:18 (13:10)

ЦРНА ГОРА – ШВАЈЦАРИЈА 35:31 (17:15)

КУВАЈТ – ИРАН 32:27 (16:12)