Шпанската легенда не планира крај – Агинагалде ќе игра уште една сезона

Пикерот на шпанската репрезентација, легендарниот Хулен Агинагалде и во наредната сезона ќе биде дел од екипата на Бидасоа.

Искусниот пикер го продолжи договорот со Бидасоа до следното лето, односно неговиот договор е продолжен до 30 јуни, 2022 година.

Минатата сезона, Агинагалде беше еден од носителите на играта во шпанскиот клуб и постигна 100 гола на 44 официјални натпревари.

Агинагалде ќе биде дел од шпанската репрезентација на Олимписките игри во Токио. Во својата кариера го носеше дресот на Келце, Атлетико Мадрид, Сиудад Реал и Адемар Леон. Своите почетоци ги имаше токму во Бидасоа каде настапуваше од 1999 до 2006 година.