Шпанија и Италија ги освоија трофеите на ЕХФ шампионатите за младинки

Репрезентациите на Шпанија Италија ги освоија првите места на ЕХФ шампионатот за младинки во Литванија и Косово.

На ЕХФ шампионатот во Литванија, првото место го освои младинската репрезентација на Шпанија, која во финалето дојде до убедлив триумф против Фарски Острови со 34:23 (18:12).

Третото место го освои домашната селекција со победата над Словенија од девет гола разлика, 34:25 (20:12).

Италија е победникот на ЕХФ шампионатот во Приштина, Косово, откако во финалниот меч против Австрија дојде до триумф од 29:21 (15:12).

Двете победнички репрезентации ќе играат квалификациски турнир за пласман на Светското младинско првенство. Домаќин на младинскиот Мундијал ќе биде Македонија.