Шпанија го прати Тунис во Президент Куп

Репрезентацијата на Шпанија ја оствари втората победа на Светското првенство во Египет откако ја совлада селекцијата на Тунис во третото коло со 36:30 и го обезбеди првото место во групата Б.

После нерешениот резултат против Бразил на отварањето, Шпанија славеше многу тешко против Полска, но затоа во третиот натпревар одигра на повисоко ниво и беше сигурна против Тунижаните.

Скоро половина од првиот дел се играше изрмането со еден гол предност на едната или на другата страна. Од резултат 8:8 Шпанија започна да го гради водството со серија од 3:0 и таквата предност ја задржа до полувремето кога водеше 17:14.

Ефикасната игра продолжи и во вториот дел, а доминацијата на Шпанија се зголемуваше. Шпанците се одлепија на пет гола позитива што за Тунис беше недостижно. Најмногу што усепаја да се доближат Тунижаните беше на минус два, 23:25.

Сепак Шпанија покажа дека е поквалитетен портивник и со повисоко ниво на игра во завршните минути без проблеми стигна до победата. Анхел Фернандез ја предводеше Шпанија со десет гола, во составот на Тунис, Дармул беше најрасположен со осум гола.

Со овој триумф Шпанија го обезбеди првото место во групата со пет бода, а во наредната фаза ќе пренесе три бода. Овој пораз за Тунис значеше дека остануваат на четвортото место со еден бод и ќе играат за местата за пласман во Президент купот.

19 јануари 2021
36 - 30
Крај

Детали

Датум Време Лига Сезона Match Day Крај
19 јануари 2021 17:48 ГРУПА Б 2020/2021 19.01.2021 60'

Резултати

Екипа1-во полувреме2-ро полувремеРезултат
ШПАНИЈА1736Победа
ТУНИС1430Пораз

ШПАНИЈА

# Играч Позиција Исклучување Голови
1Гонзало Перез де Варгасголман00
5Хорхе Македадесен бек12
6Ангел Фернандез Перезлево крило010
9Раул Ентрериосцентрален бек02
10Алекс Душебаевдесен бек13
11Даниел Сармиентоцентрален бек00
12Родриго Коралесголман00
14Феран Соледесно крило02
17Адријан Фигуераспивот03
21Жоан Канељаслев бек00
24Виран Морослев бек21
28Алеиш Гомез Абељодесно крило02
29Аитор Арињо Бенгоечеалево крило10
30Гедеон Гвардиолапивот02
52Рубен Марчан Кријадопивот05
59Даниел Душебаевцентрален бек04
 Вкупно 536

ТУНИС

# Играч Позиција Исклучување Голови
7Маџуб Рамзидесно крило00
8Рами Фекихлев бек00
12Маруан Магаизголман00
15Калед Ај Јусефцентрален бек00
19Мошбах Санаилев бек03
22Мареф Јусефлев бек03
27Исам Рзигдесно крило03
39Мохамед Сусицентрален бек10
55Гасен Тоумилево крило05
66Ислем Џбелипивот00
69Џабала Џихедпивот15
71Мохамед Амине Дармулцентрален бек08
77Скандер Заједлев бек12
94Мехди Садри Харбаиголман00
96Анур Бен Абалахдесен бек01
97Ашраф Маргелидесен бек00
 Вкупно 330

Officials

Судии:
Јеспер Мадсен -Данска
Мадс Хансен -Данска
ПозЕкипаНПРЛБ.
1СЛОВЕНИЈА32014
2ПОЛСКА31022
3САУДИСКА АРАБИЈА30030