Шпанија без проблеми се справи со Хрватска во ЕХФ Евро Купот

Шпанија и Хрватска го одиграа последниот натпревар од ЕХФ Евро Купот, победник на овој натпревар беше Шпанија која славеше убедливо на домашен терен со 34:22 после одличното издание во второто полувреме.

Првиот дел се играше доста израмнето, Хрватска го имаше почетното водство но тоа треше кратко. До крајот на првиот дел Шпанија го контролираше резултатот и постојано имаше еден или два предност. Така беше и на полувреме кога водеа 15:13.

Второто полувреме беше многу поразлично, Шпанија доминираше во текот на сите 30 минути и разликата постојано растеше. Во 45. минута веќе се беше познато кога Шпанците поведоа 22:15, а до крај стигнаа и до двоцифрена предност.

Најефикасни со по шест гола во тимот на Шпанија беа Ривера, Македа и Фигуерас, додека кај Хрватска најпрецизен прече Северец со четири гола. Ова беше заостанат натпревар од ЕХФ Евро Купот кој не влијаеше на конечниот исход, а титулата во април ја освои Унгарија